Една од многуте одлуки кои на денешната седница ги донесе Владата, како што се олабавени мерки, пакети за финансиска помош и бескаматни кредити, беше и согласноста за набавки за Командата на СЕЕБРИГ која од летово, во наредните 6 години ќе работи во касарната во Куманово.
Во врска со ова, Владата го прифати мислењето на Министерството за одбрана за неопходноста од набавката за Командата на СЕЕБРИГ, мултинационалната бригада на Југоисточна Европа во која партиципираат шест земји членки на НАТО (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Северна Македонија и Турција), која со почеток од месец август 2020 година ќе биде стационирана во касарната во Куманово, во која во наредните 6 години, 40 офицери на НАТО и 10 домашни, ќе работат во командата на оваа бригада, стои во соопштението на официјалната страна на Владата.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, го најави доаѓањето на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа која обединува 6 земји.
А. Н. Стојчевски