Термалната мапа изработена пред реализација на проектот покажала дека токму ГТЦ е една од најтоплите точки во градот.
„Кога на плоштадот температурата е 27 степени, на овој простор е повисока за десет степени“, рече постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан при промоцијата на проектот.
– ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите“ рече градоначалникот Шилегов во февруари 2019 година при промоцијата на проектот.
Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан кажа дека изградбата на зелениот покрив е една од многуте заеднички активности кои ги спроведуваат заедно со Град Скопје, со цел да се зголеми отпорноста на градот.
Сега кога проектот е веќе реализиран, ова е првата пролет на зелениот кров на ГТЦ, истакнуваат од Град Скопје.
Скопје, една поинаква приказна.
Ј. Ѓ.