ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Грција денес очекува предлози за туризмот од ЕК, а потоа ќе го претстави својот план

Во однос на процедурите за влез на туристи, ќе биде потребно пред поаѓањето да се направи тест, и не постои веројатност за карантин за странските посетители кои доаѓаат во Грција.

May 13, 2020 08:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчката Влада ќе очекува денешните предлози, одлуки и упатства од Европската комисија за потоа да го финализира и да го соопшти својот комплетен план за туризмот, објаснија државниот министер Јоргос Герапетритис и портпаролот на владата Стелиос Пецас, во синоќешните, одделни интервјуа за две грчки телевизии.

Пецас говорејќи за ТВ „Антена“ рече дека набргу ќе го презентираат нивниот план, но не сакаат тоа да биде пред да го имаат конечниот предлог на ЕК за транспортот на патници, додека пак Герапетритис, во интервјуто за телевизијата „Стар“ рече дека денешниот ден е клучен, но тие се подготвени да постават „целосно функционален систем за прием на странските туристи, доколку епидемиолошките податоци продолжат да бидат охрабрувачки до крајот на јуни“, јави дописничката на МИА од Атина.

Државниот министер на Грција истакна дека ако сѐ биде во ред, ќе бидат во позиција од 1 јули безбедно да примат странски туристи и објасни дека во нацрт планот на Европската комисија ќе има општи упатства во врска со копнениот, воздушниот и водениот транспорт, како и општи упатства за хотелските објекти, здравственото управување и слично.

За грчкиот план, рече дека тие се фокусираат на три нивоа.

Националното ниво, односно зајакнување на здравствените структури на сите туристички дестинации.

-На второто ниво, на ниво на Европската унија, ќе притиснеме колку е можно за одлуките што ќе се донесат да не бидат штетни за националните интереси, да го охрабруваат туризмот и да создаваат таков вид на здравствени протоколи, за нашите граѓани да чувствуваат безбедност и за да не се разниша здравствената ситуација на нашите дестинации, рече Герапетритис.

Третото ниво се меѓудржавните договори со други земји на кои работи грчката Влада.

Во однос на процедурите за влез на туристи, Герапетритис спомена дека ќе биде потребно пред поаѓањето да се направи тест, а категорично рече дека „не постои веројатност за карантин за странските посетители кои доаѓаат во Грција“.

-Нашиот став е дека ќе треба, пред поаѓањето да се направи тест или молекуларен или за антитела, за да постои безбедност во врска со нивното здравје. Веројатно е да постои и мерење на температурата на аеродромот при пристигнувањето. А потоа ќе се движат слободно во Грција, вели Герапетритис.

Секако, јасно е дека ние ќе ги преземеме сите потребни мерки за дури и да се појави случај да имаме многу брзи реакции и да не постои било какво ширење. Секако, очигледно е дека ако постои прашањето, по враќањето, посетителите да бидат во карантин, ова е причина што е целосно спречувачка. Тоа е нешто што ние нема да го прифатиме, ниту да го поддржиме и затоа за ова ќе има ќе имаме цврст став и на национално ниво и на ниво на ЕУ, рече Герапетритис./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Бујар Османи директно стави нож во белите дробови на македонскиот идентитет

June 11, 2025

Генералниот секретар Димитријевиќ назначен за шеф на Изборниот штаб на СДСМ

June 11, 2025
Јане Ѓорѓиоски.

Како да живеам со оваа тишина за Газа?

June 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако некој некогаш праша – нас нè има таму

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Били Ајлиш и Нат Волф потврдија романса со бакнеж во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk