Ќе мора ВМРО-ДПМНЕ после избори да си најде поинтелегентен лидер, веќе кога таа партија е создадена “оздола” и “озгора” на субординација (читај, апсолутна потчинетост). Имено, Мицкоски вели на состанокот кај Пендаровски дека “здравјето на граѓаните му било најважно”, за веднаш после тоа како петел да рече дека “не сакал да биде премиер ако имало жртви од вирусот”, за во следната реченица да рече дека “се надева на фер и кредибилен процес”, што значи ги суети самите избори, се однесува удбашко-денунцијантски: демек што, нема да бидат фер, некој ќе полни кутии? Умре времето на Грујо, Мицкоски. Умре. Аш. Го нема повеќе.
Што се однесува за здравјето на граѓаните. Мицкоски со прст не мрдна за време на пандемијата, смислуваа со оние негови несреќи афери, испуштаа луѓе да кршат полициски час, ширеа теории на заговори со 5Џ мрежата, хушкаа, денунцираа, дури и фамозната “Рекет” афера на крајот ќе се испостави дека е нивна гадна конструкција, рушејќи го СЈО, сакаа директно да го рушат Заев. Ама таа финта не им фати.
Знаете што, не им ја даваме оваа земја за повторно да го прават истото. Во тоа може да бидат сигурни. Оти знаеме кои се, знаеме што се, а богами знаеме и на што се’ се спремни кога се власт. Груевски не беше пред 100 години власт, Груевски беше власт вчера. Да, да. Беше вчера. И тоа вчера не смее да биде утре.
Она вчера не смее да биде наше утре. Никогаш.
Фејсбук пост на Ненад Јовановиќ