Со намалувањето на интензитетот на рестриктивните мерки и постепеното враќање на животот во нормала, министерот за здравство, Венко Филипче во пост на Фејсбук сподели неколку совети за корисниците на јавниот превоз.
Во основните совети за користење јавен превоз, министерот ги истакна редовната дезинфекција на рацете по користење на јавен превоз, внимание кон другите патници и секој пат кога условите го дозволуваат тоа – користење велосипед наместо јавен превоз, со што се остава простор на оние кои немаат друга опција освен градските автобуси.
Препораки за патници кои користат јавен превоз:
Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња)
Покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете
Секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачете, напиша Филипче.
A. H. C.