ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Изборите се прогласени и распишани одамна, со уредба се само одложени, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило

May 13, 2020 14:10
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, прашан за коментар на тоа што од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема согласност изборите да бидат прогласени како што тврдеше Заев по лидерската, ниту дека има согласност дека ќе важи уредбата за избори 22 дена од вонредната состојба, вашиот коментар, одговори дека изборите се прогласени многу поодамна, дека со прогласувањето на изборите е распуштено и Собранието на Република Северна Македонија и секако заради пандемијата и заради појавувањето на корона вирусот беше донесена уредба со којашто изборите беа одложени. Тој истакна дека изборите се прогласени и распишани, а со уредба тие се само одложени.

„И граѓаните, секако и ние сме свесни за континуираното ширење на лаги од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Евидентен е стравот од соочувањето со изборите, секако соочување со изборниот пораз којшто им следува на ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите.
Вреди да ги потсетиме дека изборите се прогласени многу поодамна, дека со прогласувањето на изборите е распуштено и Собранието на Република Северна Македонија и секако заради пандемијата и заради појавувањето на корона вирусот беше донесена уредба со којашто изборите беа одложени.

Вреди да се потсети јавноста за неодговорното и деструктивно однесување од страна  на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кое што го гледаме и деновиве и на лидерската средба  но и од самото преземање на партијата од страна на Христијан Мицкоски и неговите кадри. Добро знаете дека истиот тој Христијан Мицкоски , на почетокот на пандемијата, кога практично беше прогласена вонредна состојба , ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше дека нема потреба од прогласување вонредна состојба туку дека треба да се прогласи кризна состојба.

Вреди да се потсетат граѓаните за ужасното однесување на Христијан Мицкоски кога рече дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, бога моли да се случи корона вирусот само за да ВМРО- ДПМНЕ неможе да излезе на улици со граѓаните и да протестира. Вреди да се спомене и деструктивното однесување и неодговорно однесување во целата оваа криза од страна на Христијан Мицкоски и на кадрите на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ние донираме, додека ние помагаме на ранливите категории на граѓани имавме можност да видиме како продолжената рака на Христијан Мицкоски сместена во Министерството за внатрешни работи, господинот Наќе Чулев, познат во јавноста како Наќе Отсјај  имаше можност и направи политичка хајка и влезе во магацин и малтретираше волонтери, којшто спремаа хуманитарни пакети за социјално загрозени граѓани.

Еве имаме можност да видиме како неговиот заменик дополнителен министер за финансии не потпишува и кочи  проект вреден 90 милиони евра којшто ќе биде наменет директно за граѓаните, за справувањето со оваа криза.

Целиот овој хаос , ние како одговорна партија секако мислам и граѓаните заедно со нас , ќе направиме што побрзо да заврши. Личните хирови на Христијан Мицкоски и ВМЕО-ДПМНЕ, деструктивното однесување, паниката којашто е плот на тој страв од изборен пораз, нека им остане на ВМРО-ДПМНЕ внатре во белата палата.“, одговори Костадин Костадинов на новинарското прашање.

 

Next Post

Шилегов: Додека сум градоначалник на Скопје, на плоштадот нема да никне зграда

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk