Благодарение на информираноста на граѓаните, благодарение на вам медиумските работници, можеме да кажеме дека успешно се справуваме со пандемијата со корона вирусот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вечерва гостува во Топ Тема на Телма.
„Сите треба да разберат дека никој не се брза да оди на избори, најпрво го гледаме здравјето на граѓаните, да нема никој заболен, па тогаш да се разговара за избори, но во услови кога нашата земја нема Парламент, здравје за граѓаните е и функционален Парламент, затоа час поскоро треба да се оранизираат избори…Границите на лето ќе бидат отворени, нашинците ќе си дојдат, но не се знае колку ќе се вратат годинава. Постои можност за нови пикови и во летото, есента веќе се отвораат училиштата, ќе доаѓаат новите вирози. Сега е моментот да излеземе да гласаме, затоа што потенцијалот на најмалку заразени е сега“, рече Заев.
Сега е момент кога беше се затворено, кога имаше полициски часови, кога имаше рестриктивни мерки за да излеземе заради тоа што и потенцијалот на најмалку заболени е токму сега, дај боже и летото и есента да нема ниту еден заразен, смета Заев.
„Јас сум убеден дека ќе донесме заедничка одлука за датум на изборите за кој што одиме секако под ова ќе биде под специфични околности, прв пат се случува ваква работа во нашата земја и во светот ама верувам дека ќе биде здраво, безбедно за граѓаните да се излезе и да го дадат својот глас“, рече Заев.