СДСМ најостро и целосно ги демантира објавените невистини од Бранко Геровски во текстот со наслов „Бара ли Заев ЕУ да помогне Мицкоски да се „изолира“ и на неговото место да дојде човек кој ќе биде спаринг-партнер во изборниот ринг?“, објавен на порталот Плусинфо.
ЛИДЕРОТ на СДСМ Зоран Заев на Телма: Електронското гласање на изборите, но и продолжување на часот за гласање на изборниот ден, се добри за разгледување, доколку и опозицијата се согласи за таквиот начин на избори.
НИКОЈ не праша колку Албанци или колку Македонци се заразени со Ковид-19, е ова е општество еднакво за сите, рече Заев во гостувањето на Телма телевизија.
ФРОНТ: Џабир Дерала: Меѓу одговорноста, концентрацијата на моќта и амнестијата на криминалот.
ЕРОЛ Шаќири, Слободен печат: Избори ќе има, не вие кога сакате, туку тогаш кога ДПМНЕ ќе каже.
ПОЛИЦИСКАТА патрола пресретна мигрант од Алжир со украдено возило во селото Саса, по што тој бил приведен во полициската станица во Македонска Каменица.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 1998, во Лос Анџелес умрел Френк Синатра, легендарен американски пејач и актер. Роден бил во Хобокен, Њу Џерси, на 12 декември 1915 година.
ПОРТПАРОЛОТ на рускиот претседател, Дмитриј Песков, кој се покажа позитивен на тестот за коронавирус, вели дека бил хоспитализиран со билатерална пневмонија, а тоа е, вели, кога имате воспаление на двете белодробни крила.
ОБЕДИНЕТИТЕ нации предупредуваат дека пандемијата на коронавирусот може да предизвика широк спектар на психолошки заболувања и ги повика државите да го вклучат менталното здравје и психосоцијалните проблеми во нивниот план за борба против Ковид-19.
СЗО предупредува дека Ковид-19 можно е никогаш да не исчезне. За време на прес-конференцијата во Женева, извршниот директор на програмата за итни случаи во СЗО, д-р Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен ветер претежно од југоисточен правец.
А. Н. Стојчевски