ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почна скринингот во градинките, сѐ уште нема одлука за нивно отворање

Според проценката на капацитетите, скринингот би траел десетина дена, но ќе се анализира одвивањето на скринингот, а се зема предвид и можноста да се надгради капацитетот на тестовите.

May 14, 2020 11:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека скринингот во градинките денеска и официјално е почнат. Сепак, како што истакна, додека не се сигурни дека вработените се негативни на брисевите, нема да се носи одлука истите да се отворат.

Тој појасни дека вчера се направени и финалните подготовки, а од денеска веќе се регрутирани вработените во градинките кои ќе бидат тестирани.

-Почнува скринингот во градинките, вчера се направија и финалните подготовки, денеска се регрутирани во градинките вработени кои ќе бидат тестирани, иако беше иницијално планирано тоа да биде во Центрите за јавно здравје со цел да се заштитат со оглед на тоа што се тоа здрави лица да не се мешат со тие кои што се потенцијално заразени или со симптоми, а доаѓаат во Центрите за јавно здравје и тој процес ќе продолжи и понатаму, се додека не сме сигурни дека се целосно здрави односно негативни се брисевите, нема да носиме одлука да градинките се отворат, рече Филипче.

Според Филипче, отворањето на градинките уште претставува ризик, затоа што станува збор за сензитивна група, односно за малите деца.

-Тоа престставува ризик меѓутоа не е само брис како брис податок за вработените, туку и многу други податоци во однос на околината, семејството, условите и контактите во кои што живеат тие. Значи, нема да им биде земен само брис, туку ќе се направи соодветна епидемиолошка анкета, ќе се откријат асимтоматските носители и тоа е целта во сите ризични групи кои сега ги таргетираме во смисла на ваков пристап со таргетиран скрининг. Ризик постои и откако би се отвориле градинките, и свесни сме за тоа, меѓутоа станува збор за исклучително сензитивна група, за мали деца и сметам дека од тука треба да се почне и сепак ќе добиеме некои податоци, рече Филипче во одговор на прашање.

Прашан колку време ќе трае скринингот, одговори дека според сегашната проценка на капацитетите, скринингот би траел десетина дена, меѓутоа ќе се анализира како ќе се одвива скринингот следните денови, а ќе ја имаат предвид и можноста да го надградат капацитетот на тестовите. Градинките, како што рече, мора да се отворат во исто време.

-Градинките мора да се отворат во исто време. Градинките ќе се отворат сите во едно време затоа што тоа е битно и за враќање на граѓаните на работа. Не може да отвораме една по една градинка. Според сегашната проценка на капцитетите, некаде десетина дена би требало да трае скринингот, имајќи го предвид вкупниот број на вработени во градинките, меѓутоа еве во следните недели како ке почне тоа да се одвива може и да да го надградуваме капцитетот на тестови во смисла на распоред по повеќе лаборатории. Нека почне денеска па следните денови ќе видиме. Мислам дека имаме сериозни шанси да го зголемиме бројот на тестови кои би се правеле во текот на еден ден па да заврши и за кратко време, рече министерот Филипче./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

САД префрлаат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk