Со помош на влечните возови на САД и со поддршка на Канцеларијата за одбранбена соработка, инжинерската единица на Армијата го расчистува теренот за Криволак за да се отвори простор за нова и подобра инфраструктура, напиша на Фејсбук министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Ги транспортираме инженериските машини на полигонот Криволак, со помош на влечните возови на силите на САД распоредени во КФОР и со поддршка на Канцеларијата за одбранбена соработка на амбасадата на САД. Благодарност што ни излегоа во пресрет.
Инженериската единица на Армијата ќе го подготвува Криволак за идните вежби со нови содржини и подобра инфраструктура, стои во напишаното.
А. Н. С.