УПРАВАТА за јавни приходи (УЈП) соопшти дека финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година им е одобрена на вкупно 16.546 компании за 103.307 вработени. Како што информира Секторот за односи со јавност на УЈП, вкупниот износ на досега одобрената финансиска поддршка изнесува 1.447.278.909 денари.
САНЕЛА Шкријељ ја поддржа Кристина Костова и сите жени што претрпеа родово базаран говор на омраза на социјалните мрежи по послендиот период. Костова на Фејсбук го искажа својот став за свадбените веселби односно тоталната непотребност од свадбената индустрија, која чини многу пари, а корона вирусот покажа колку се може и без нив.
ТЕТОВО со околината станува ново жариште на корона вирусот. Во овој град и руралните општини секој ден расте бројот на новозаразени, а многу мал е бројот на излечени… За само 8 дена во градот Тетово и околните села има 42 нови случаи, а истиот период имал само 8 излечени од КОВИД-19.
ЕВЕНТУАЛНАТА вакцина против Ковид-19 веројатно нема да биде достапна пред 18 месеци, оцени министерот за наука во француската Влада Фредерик Видал. Нејзината изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека е можно да има вакцина „до крајот на годината, а можеби и порано“.
ЛИДЕРКАТА на третата по голема политичка партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади заработи парична казна, а во исто време и е одземена и возачката дозвола поради непочитување на полициски час.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.674.580. Од нив починале 310.271, а оздравеле 1.785.086 луѓе.