(ВИДЕО) Спасовски: Трет сет економски мерки од 355 милиони евра, ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Владата денеска го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија во периодот на враѓање во нормала по кризата со корона вирусот. Како што објави денеска на прес-конференција во Владата премиерот Оливер Спасовски, третиот пакет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници.
Спасовски: Од една опозиција во време на криза се очекува да биде конструктивна. Тој потенцира дека е дозволено секој да има свое мислење и дозволено е секој да се однесува така како што мисли, па и во услови на здравствена криза во која што се загрозува здравјето на граѓаните.
Нови 30 случаи на Ковид-19, тројца починати, 26 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.792, бројката на оздравени пациенти е 1.293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.
Јелстад: Граѓаните мора да имаат чувство дека властите се грижат за нив.
Спасовски: Покачување на платите од 20 % за здравстевните работници кои се во првите борбени редови. Здравствените работници се во првите редови во битката со Ковид 19 тие го заслужуваат целото внимание и благодарност, изјави претседателот нан Владата, Оливер Спасовски на денешната прес конференција на која ги презентираше мерките од третиот економски сет.