„91% од здравствените работници кои беа заболени од КОВИД-19 се сега целосно оздравени“, напиша министесрот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
„Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување“, напиша министeрот за здравство.
Инаку, беа забоелени над 230 здравствени работници. Познато е дека позитивни на корона вирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.