ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата, Оливер Спасовски, на прес конференција ги истакна деталите околу третиот столб од новиот сет економски мерки, со кој се предвидува поголема поддршка за земјоделието, субвенционирање на зелена нафта, јавни приватни партнерства за преработувачите на грозје и мерки за модернизација на земјоделството.
МИНИСТЕРОТ Филипче се заблагодари на сите здравствени работници во борбата со епидемијата од Ковид-19 и најави дека секој од нив ќе добие дополнителни 20% од основната плата.
ВЛАДАТА на Република Северна Македонија на денешната 54-та седница го разгледа и усвои третиот пакет економски мерки за заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на Ковид-19.
ЦАРОВСКА: Владата ќе подготви законска рамка или уредби за континуирано спроведување на сите нови мерки од третиот сет, од кои дел ќе почнат да се имплементираат од јуни, најави денеска вицепремиерката задолжена за економски прашања и за координација на економските ресори.
РОЧИШТАТА за предметот „Рекет”, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 25 и 26 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
ВИКЕНДОВ во Охрид повторно се актуелизира темата за градежни активности што се изведуваат до самиот брег на Охридското езеро, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ѕидот што се гради на една од плажите на авто-кампот „Градиште“. Ова предизвикаа голем револт кај жителите на Охрид, кои бараат одговорност за ваквата постапка.
ЛИЦЕ од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, е позитивно на Ковид-19. Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација.
ДОНЕСЕНА е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба.
Во ТЕКОТ на изминатото деноноќие, евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
ПОДНЕСУВАЊЕТО на барањата за субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко нема да го вршат сточарите, туку Платежната агенција податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Во СЛОВЕНИЈА денеска децата се вратија во градинките, а дел од учениците почнаа со настава, а од утрово се отворени и внатрешните делови на рестораните и кафулињата.
Во ЖЕНЕВА денеска ќе се одржи 73-то Генерално собрание на Светската здравствена организација, а главна тема ќе биде пандемијата Ковид-19.
ПОВЕЌЕ од 100 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19, изјави денеска австралиската министерка за внатрешни работи, Мариса Пејн.
А. Н. С.