ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

18 Мај – Меѓународен ден на музеите

Активностите на музеите од „паузирани“ станаа дигитално проактивни, а работата на музејските професионалци стана поинаква.

May 18, 2020 08:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Македонскиот национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) Маја Чанкуловска-Михајловска денеска упати честитка до сите музејски работници по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите.

Во честитката, Чанкуловска-Михајловска потсетува дека поради новонастаната ситуација предизвикана од корона вирусот, сменети се условите на функционирање на музеите и годинава за првпат на неодредено време одложени се традиционалните средби, промоции, советувања, наградите за музејските работници…

–  Сепак, и во вакви услови на изменето функционирање, доаѓа до израз основната мисија и значење на музеите како места во кои се собира, чува, заштитува и презентира културното наследство и уметноста. Во состојба на изолација, страв и неизвесност, пак, се потенцира улогата на музеите како генератори на поврзаноста помеѓу луѓето и нивната колективна локална/регионална/меѓународна припадност преку културата и уметноста.

Така, активностите на музеите од „паузирани“ станаа дигитално проактивни, а работата на музејските професионалци стана поинаква. Различната работа насочена кон осмислување на нови инвентивни начини за одржување на интересот на јавноста во период на затвореност за посети на изложбите и колекциите, од своја страна, стана тло за отворање/осознавање на различни преспективи на дигиталното функционирање на креативните платформи за интерактивна комуникација, вели Чанкуловска-Михајловска.

Додава дека сѐ уште со сигурност не се знае кога целосно ќе се нормализираат активностите во однос на физичката комуникација со публиката и колку видоизменето ќе биде отвореното и слободно функционирање, но оти и во вакви услови основната задача на музеите останува одговорноста за заштитата на културното наследство и културата, преку почитување на мерките за заштита на здравјето на публиката и музејските работници.

Ги повикува музеите до целосното отворање уште поактивно да се вклучат во одбележувањето не само на овој ден, туку на цела 2020 година преку онлајн реализација на своите активности на социјалните мрежи на своите институции и на МНК ИКОМ./МИА/

Next Post

09: Состанок на кризниот штаб за мерките, меѓународен ден на музеите, една година од иницијативата на Цивил #КрајНаРасипништвото

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk