ЦИВИЛ: Една година од барањето за укинување на привилегиите на функционерите. Иницијативата #КрајЗаРасипништвото се однесува на укинувањето на привилегиите на поранешните и сегашните функционери.
За НАТАМОШНИОТ тек на рестриктивните мерки ќе се разговара денеска на состанок на главниот кризен штаб и нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на инфекцијата.
ОТКАКО Уставниот суд не поведе постапка за владината Уредба од 22 март, со која беа прекинати изборите, во јавноста преовладува ставот дека нема никаква пречка изборниот процес да продолжи од местото каде што застана.
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Македонскиот национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) Маја Чанкуловска-Михајловска денеска упати честитка до сите музејски работници по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите.
Со ВРАЌАЊЕ во училишните клупи на сите средношколци, со отворање на археолошките локалитети, зоолошките градини, дозволеното патување во континентална Грција и на Крит, но и со отворање на трговските центри, една недела порано од планираното, од денеска во Грција започнува третата фаза на олабавувањето на рестриктивните мерки.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
А. Н. С.