ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Состанок на кризниот штаб за натамошните рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче вчера објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од Ковид-19 се целосно оздравени.

May 18, 2020 07:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во државава од почетокот на епидемијата достигна 1.792, откако во изминатото деноноќие беа регистрирани 30 нови случаи од 426 направени тестирања. Оздравени се 26 пациенти, додека три лица починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од бројот на новозаразени ќе зависи натамошното олабавување на рестриктивните мерки.

За натамошниот тек на рестриктивните мерки ќе се разговара денеска на состанок на главниот кризен штаб и нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на инфекцијата. Одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, изјави вчера премиерот Оливер Спасовски.

Најважно е, дополни, не само да ги вратиме мерките, туку и да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба во која здравствениот систем ќе може да одговори на состојбите пред нас.

Прашан дали ќе целодневно ограничено движење за празникот Рамазан Бајрам, премиерот повтори дека за сите мерки се слуша мислењето на Комисијата и оти  врз основа на тоа се носат одлуките без разлика за кој ден станува збор.

– Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста, додаде Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од Ковид-19 се целосно оздравени.

– Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување, напиша Филипче во објава на Фејсбук. До крајот на  неделава, како што најави, ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.

Во меѓувреме, продолжи тестирањата во рамки на скринингот во градинките и од 184 тестирања во претходното деноноќие сите се негативни.

– Согласно со денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19, сите други тестирани лица се негативни на вирусот, соопшти Министерството за здравство. Во Битола за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките и таму е регистриран единствениот позитивен случај на Ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство, сосега се оздравени 1.293, починаа 101 лице, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 398./МИА/

Next Post

Се создаваат услови за одржување на изборите

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk