ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ако некој се чувствува пропаднато, треба ли сите да пропаднеме?

Постојано го раскажува својот сон дека ќе биде премиер, ама не сака да се кандидира... Се чувствува како пропаднат спортист... Според него, не треба да се пружи финансиска помош за колку-толку да се залечат раните од пандемијата, затоа што тоа било изборен поткуп, а ни датум за избори нема – затоа што тој не го дозволува тоа.

May 18, 2020 19:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Е вака веќе не може, навистина! Веќе одамна не е смешно, иако самите изговори и манипулации се смешни. Никој од нив не очекува којзнае какви доблести, но ова ги помина сите граници. Гледаме еден, колку изгубен, толку и распашан политичко-медиумско-криминален полусвет.

Навистина, навикнати сме да ја доживуваме политиката по нејзините булеварски атрибути, но сепак, ова се години на газење пристојноста, честа и достоинството. И доаѓа моментот кога на човека ќе му се смачи од сѐ. Кога трпението и склоноста да се зборува и пишува во пристоен тон ја губат својата смисла.

Но ајде, да земеме здив и да ја зачуваме присебноста и пристојноста, не поради тапоглавите разбојници, туку поради нас самите. Погодувате, ги гледав изјавите и по втората неуспешна лидерска средба за датум за изборите. Средбите ги побара, а потоа ги уништи Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Еднострано и без консензус.

Ултиматум не прифаќа, што би било ОК, ако некој му го поставува. Притоа, не му пречи да поставува ултиматуми. Цело време! Вели дека, од домашно воспитување, знаел дека треба да мие раце, но не го научиле дека треба и да се извини кога сочно, влажно и гласно испушта гасови.

Бараше мислење од Комисијата за заразни болести, па го отфрли. Како што бараше Љубомир Јовески да присуствува на расправата за Законот за Јавно обвинителство во Собранието, за потоа неговите пајташи (и претенденти на неговиот валкан престол) да му го одземаат зборот на Јавниот обвинител и да му прават „герила акција“ со глупави транспаренти.

Две години бара предвремени парламентарни избори, а цело време бега од нив. Бара време, измислува фантастични причини за постојано одложување, а сѐ повеќе изгледа дека најмногу сака изборите, всушност, и никогаш да не се случат. Тотално да се распаднат сите процеси, да западнеме во тотална криза од која нема враќање. За неговиот шеф и распад на државата е подобро отколку да има правда, да станеме ЕУ членка и да бидеме дел од победничката екипа против криминалните мрежи.

Постојано го раскажува својот сон дека ќе биде премиер, ама не сака да се кандидира… Се чувствува како пропаднат спортист… Според него, не треба да се пружи финансиска помош за колку-толку да се залечат раните од пандемијата, затоа што тоа било изборен поткуп, а ни датум за избори нема – затоа што тој не го дозволува тоа. Има кој да зборува за изборен поткуп, политичка корупција, структурно насилство, изборен грабеж, ама тоа сигурно не е тој и неговата партија.

Ајде да не ја должиме премногу, ќе има што да се коментира за оваа неуспешна „лидерска приказна“ и утре и во деновите потоа.

Накратко:

Нема што посебно да се дебатира на темата избори. Сѐ е кажано. Комисијата за заразни болести го кажа своето, познато е дека Деркоски своевремено кажа дека ДИК има капацитет да ги спроведе изборите без проблем, сите партии се спремни… Само Мицкоски, тој што бараше избори цело време, „пукна од мака“ за народното здравје. Со други зборови, не сака да излезе на избори. А избори може (и треба) да се одржат на 21 јуни. Толку.

Консензус?

Консензус по дефиниција значи согласност на сите засегнати. Во случајов, како и во многу други случаи во минатото, едноставно, консензус не е возможен. Од првиот ден на преговорите во Пржино со бегалецот од правдата, Груевски, консензусот го замени бескрајна серија од трикови за манипулирање и избегнување на одговорноста – бегање од правдата. Во потрагата по консензус со криминалниот режим, земјата дополнително изгуби години.

Собранието ни го нападна крвожедно злосторничко здружение, кое до денес не крие дека се гордее со крвавиот чин. Не им успеа нападот. И наместо да се соочат со правдата, добија простување, дијалог, амнестии… Сега се молиме за избори. Дајте, луѓе, нормално ли е ова?

Мицкоски се заканува со лошо сценарио и политичка криза ако се одржат избори спротивно на неговото разбирање за консензус (што тоа не е). На многу чуден начин ги разбира поимите поврзани со политички дијалог, консензус, демократија… Постои многу посоодветен израз од „чуден начин“, ама ајде ќе го изоставам, да не се жалат (неоправдано) во Советот за етика.

Зошто се бара консензус таму каде што го нема? Не е консензус ако сите се согласат со Мицкоски, односно со Груевски. Тоа е уцена и ултиматум, а не законските рокови кои ќе започнат да течат од 1 јуни. Кршење на законот и демократските принципи е токму одложувањето на изборите, а не нивното одржување. Нема што да се разговара на оваа тема повеќе.

Ако некој се чувствува пропаднато, треба ли сите да пропаднеме?

 

ПС. Ова е мој личен став и вредносен суд. Политичар не сум и не сакам да бидам. Ама тоа не ме спречува гласно да се спротивставам кога некој ја навредува и ја уценува мојата земја, за свои лични, криминални интереси. Преку глава ми е од разбојници!

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk