Ние имаме проблем со дисциплинираност. Попрво ќе разглабаме дали е кинески или амерички, дали е од природата или измиксан во лабораторија. 5џи, 45фи. Мерак ни е да докажуваме дека не бе нема везе, се е ова лага, чипирање, прање мозгова. Сакаме да укажеме дека она што овде се прави нема благе везе, пишува Денис Јанкуловски на својот ФБ профил.
Ок, вака сега. Не навлегувам во тоа чиј е, откај е, зошто баш сега. И да, не знам ништо околу тоа и не негирам. Може се да е вистина.
Па нека е и кинески и лабораториски. Што ќе ни смени тоа ако ја дознаеме адресата на лабораторијата во некое забито место во некоја провинција таму некаде? Ќе го снема? Ако да тогаш и јас сум за. Ама….
Она што знам дека сите треба да го правиме е да носиме маски.
Е да, ова секојдневно гледам дека е еден голем проблем. Во паркчено преку улица на еден прст од рака се бројат оние што носат маски. По улица исто. Насекаде исто.
Зошто? Зошто отпор? Маска треба….не, не, не треба, знам јас, читав на фејс
Маската е мултифункционална:
– се штитиш себеси
– го штитиш другиот
– преку својата заштита ги штитиш и блиските и оние во твоја близина
Не е пријатна, се сложувам. Особено на жешково.
Ама ако треба да се носат – па носете чипка му мајчина, не се за мода, за здравје се.
И доста џагала магала бош муабети. Како заглавени да сме во некоја црна дупка а никако да го направиме тој квантен скок.
Многу е едноставно:
Маска на лице.
Држете растојание
Одржувајте хигиена
Дезинфекција честа
Почитувајте нешто што требаше уште пред три месеци да почитувате.
Фала на пажња и се читаме со ваков пост негде кон јули, па во октомври….пошто се знаеме доволно….и од искуство