Денес, околу 11 часот пред експозитурата на Халк банка во скопската населба Сарај, три маскирани лица нападнале жител на Крушопек, при што му била одземена торба во која имало околу два милионi денари, информираат во текст на 360 Степени.
Двајца од напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки, а нападот бил извршен кога жителот на Крушопек се паркирал со возилото пред банката. Тој планирал парите од промет од фирма со седиште во Сарај, да ги уплати во банката.
По нападот, напаѓачите кои носеле „фантомки“ избегале со возило со непознати регистарски броеви и се упатиле кон Матка. Полицијата трага по нив.