Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, според наши извори инсистира изборите да се одржат на 6 септември, период за кој здравствените експерти најавуваат почеток на втор можен бран на пандемијата.
Мицкоски спротивно од ставовите на сите други лидери, предлага изборите да се одржат наесен. Од друга страна, во одговорот на комисијата за заразни болести и ОБСЕ ОДИХР дознаваме дека е дадена согласност за одржување на изборите во најбрз термин по олеснување на ситуацијата со корона вирусот.
Имајќи ја предвид можноста за повторување на изборите на одредени изборни места за кои би имале жалби, процедурите за верификација на мандатите и избор на владата, лидерот на СДСМ и другите партии барале изборите да се одржат на почетокот на летото.
А.З.