Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од утре (вторник, 19 мај) повторно важи бесплатниот јавен превоз за студентите во главниот град.
Во краткото соопштение од претпријатието нагласуваат дека сѐ уште нема враќање на бесплатниот превоз за пензионерите и за средношколците.
Од утре, вторник (19.05.2020 год) продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз.
И натаму, не важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.
За сите измени, корисниците на посочениот тип билети ќе бидат навремено известени, информираат од ЈСП Скопје.