Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес конференција ги истакна деталите околу третиот столб од новиот сет економски мерки, со кој се предвидува поголема поддршка за земјоделието, субвенционирање на зелена нафта, јавни приватни партнерства за преработувачите на грозје и мерки за модернизација на земјоделството.
Tретиот столб од новиот сет мерки предвидува директна поддршка за земјоделците за нови приходи од плодната македонска земја и ги опфаќа мерките:
Поддршката на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка
Платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците
Воведуваме стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти
Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор
Воведуваме долгорочен закуп на пасишта
Ќе понудиме окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на
македонското земјоделство
Воведуваме Програма за финансирање на микро земјоделски компании
Мерки за модернизација на земјоделство, напиша Спасовски во Фејсбук пост.
А. Н. С.