Порталот Доказ Македонија упорно користи сексистички, мизогин, силеџиски, деградирички и навредлив јазик на грбот на жените за читаност и таа пракса мора да заврши. Ова е темата коај денеска сите ја споделуваат за поддршка на новинарката Мирослава Бурнс, која е мета на сексистички напади. Меѓу другите, статусот на Фејсбук го објави и Ирена Цветковиќ.
Порталот Доказ Македонија упорно користи сексистички, мизогин, силеџиски, деградирички и навредлив јазик на грбот на жените за читаност и таа пракса мора да заврши. Доказ редовно објавува содржини кои ги сексуализира, исмејува и/или навредува жените од јавната сфера по родова основa, а новинарката Мирослава Бурнс е една од низата жртви на овој „портал“, која откако побара извинување и јавно повлекување на текст на Доказ, во кој се изнесени низа клевети и навреди, како одговор доби нов текст со уште толку проблематична содржина. Објавите кои содржат родово базиран говор на омраза или родово базирани навреди не се во согласност со етичкиот кодекс за новинарите во Македонија. Содржините од ваков тип на порталот Доказ не придонесуваат кон информирање и едуцирање на јавноста, не ја заштитуваат приватноста на личноста и го нормализираат ваквиот третман на женте во јавниот дискурс. Даваме поддршка на Мирослава Бурнс и сите жени кои беа жртви на Доказ.