ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Поддршка од 16 милиони евра за ваучери за домашен туризам и домашна платежна картичка за 100 илјади граѓани

Министерот ги информираше туристичките работници дека во третиот пакет мерки предвидени се ваучери за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра.

May 20, 2020 16:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во сетот на мерките во третиот економски пакет, предвидени се над 16 милиони евра, односно на над 100 илјади граѓани ќе им се доделат ваучери за домашен туризам, со цел да ги искористат во категоризираните хотели, но и во приватни капацитети категоризирани во склоп на општините, со што ќе се поттикне потрошувачката, ќе се подржи овој многу важен сектор за економијата во нашата држава, порача министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот состанок во Струга со претставници на Хотелска асоцијација на Македонија (ХОТАМ ) и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Тој ги презентираше мерките за поддршка на туризмот од третиот пакет мерки на Владата и ги слушна барањата и мислењата на туристичките работници за тоа како побрзо да се рестартира овој сектор.

Министерот ги информираше туристичките работници дека во третиот пакет мерки предвидени се ваучери за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра. Со оваа мерка, како што потенцираше Бектеши, се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 денари нето месечно и немаат други приходи. Како што кажа ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картица, додаде, поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

-Денеска ми беше чест и задоволство заедно со градоначалникот Мерко, претседателот и членовите на ХОТАМ, отворено да разговараме за последните мерки за поддршка на секторот туризам, кои ние како Влада веќе ги усвоиме. Ја искористив оваа можност пред присутните да го објаснам начинот за реализација на мерките, кои се резултат на нашата заедничка координација на сите засегнати страни во секторот туризам, при што ние како претставници на Владата отворено разговаравме, но воедно и ги разгледавме нивните сугестии, коментари и барања во интерес на хотелиерството во целина, како и за подобрување на услугите за сите посетители на нашата држава, истакна Бектеши по средбата.

Тој најави дека веќе наредна недела очекува дека ќе ја имаат првичната драфт верзија на јавниот повик за оваа сезона.

-Како Министерство за економија и како Влада, продолжуваме посветено да работиме и да се координираме со сите засегнати страни во секторот туризам, се со цел заеднички да ја надминеме со што помал ризик ова здравствена, но секако и социо економска криза, рече Бектеши.

Претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески ја искористи можноста да се заблагодари за укажаната можност за дискусија на овој состанок,кој како што рече, е многу важен за туристичкиот сектор, затоа што секојднево се соочуваат со се повеќе откажувања од странски тур оператори, а надежта ја гледаат токму во домашните гости.

-Се собравме да дискутираме како тоа технички би се реализирале мерките за брзо време бидејќи сезоната почнува многу брзо. Загубите се големи, посебно во хотелско-угостителскиот дел, но исто така и во ресторанскиот дел, но мораме сето ова да го надминеме заеднички и да продолжиме понатака, рече Блажески.

Земјите од регионот, посочи, веќе полека почнуваат да се отвораат, се надевам дека и нашите стручни служби ќе излезат со препорака за отварање на сезоната, дека оваа пандемија за брзо време ќе заврши, а ние ќе можеме да функционираме нормално понатака.

Струшкиот градоначалник Мерко оцени дека денешната средба е уште една потврда дека генерално се добредојдени и во охридско-струшкиот регион заложбите кои ги презема министерот за економија и Владата за помош на туристичкиот сектор.

-Искрено посакувам што поскоро враќање во нормала на турстичкиот сектор, посета од домашните гости, но секако добредојдени се и странските туристи, истакна Мерко./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

June 12, 2025

„Голдберг варијациите“ на Бах во изведба на Дино Имери – утре во Виена

June 12, 2025

Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

    Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако некој некогаш праша – нас нè има таму

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами вели дека има места во Владата за нови политички партнери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk