Според најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразиле 5.035.976 лица. Од нив починале 326.238, а оздравеле 1.988.557 луѓе.
– Во последните 24 часа во светот се регистрирани 106.000 нови случаи на заразени со корона вирусот, што е најголем дневен пораст на заразени од почетокот на епидемијата.
– Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени два нови случаи на заразени со корона вирусот. Со ова вкупниот број на заразени во земјата достигна 2.234. а 1978 луѓе оздравеле. Од почетокот на епидемијата од корона вирусот во Хрватска починале 96 лица.
– Во Албанија, споредено со претходниот ден кога имаше само еден новозарен, во последното деноноќие регистрирани се 15 нови случаи со Ковид-19, од кои 13 се во Драч. Со ова бројката на вкупно заболени се зголеми на 964. Во изминатото деноноќие во списокот на оздравени се впишани уште 16 пациенти со што вкупната бројка на оздравени е 758 или 79 отсто. Моментално активни случаи има 175, од нив само 15 лица се бо болница, а тројца се на интензивна терапија. Од почетокот на пандемијата до сега во земјата направени 13.621 тестирања, од нив 12.555 мелекуларни и 1.066 серолошки тестови.
– Во последните 24 часа во Србија од корона вирус починало уште едно лице, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 235. Од последната состојба во Србија, 6.198 лица се тестирани за корона вирус, а кај 100 граѓани е потврден корона вирус, според веб-страницата на Министерството за здравство ковид19.рс.
Од почетокот на епидемијата во Србија, заразени се вкупно 10.833 лица. Стапката на смртност е 2,17 проценти. Хоспитализирани се 766 пациенти, а вкупниот број на излечи граѓани е 5.067.На респиратори има 13 пациенти. Досега вкупно се тестирани 196.881 граѓани.
– Во Грција во изминатите 24 часа регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19, а почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата, направени се 139.445 анализи, вкупно 2.850 лица се позитивни, а починаа 166 лица.
Во Косово вчера беше потврден само еден нов случај на заразен и 15 новоизлекувани од Ковид-19. Вклучително вчерашните статистики, како што објави Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), во земјата досега се регистрирани 989 лица заразени од новиот корона вирус, од кои излекувани се 769, а вкупно се забележани 29 смртни случаи, од кои последниот на 12 мај. Според овие податоци, вкупно во земјата активни заболени од Ковид-19 се 191 лице. Во текот на вчерашниот ден, на кој се однесува последниот извештај на ИШПК, извршени се тестирања на 211 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а вкупно, од појавата на епидемијата се тестирани 12.198 лица.
– Долниот дом на бразилскиот Конгрес одобри предлог закон, со кој се предвидува задолжително носење маски на јавни места поради пандемијата на корона вирусот.
– Во Шпанија од корона вирусот во изминатите 24 часа починале 95 лица, што е благ пораст во однос на вчера кога бројот на смртни случаи изнесувал 83, соопшти денеска шпанското Министерство за здравство. Вкупниот број на починати во Шпанија изнесува 27.888.