ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европа ги олеснува мерките, а Шведска најавува продолжување на некои ограничувања

Борбата против ковид-19 е маратон. Мерките што ги презедовме беа избрани затоа што цврсто веруваме дека тие се одржливи подолго време, рече премиерот Стефан Лофвен на прес-конференција.

May 20, 2020 12:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога многу европски земји ги укинуваат мерките за изолација поради пандемијата на коронавирус, Шведска, која не се затвори како остатокот од континентот, сега најавува продолжување на некои ограничувања на подолго време, како што е забрана за посета на старски домови и продолжување на работата од дома.

Оваа скандинавска земја не ги затвори училиштата, градинките, кафулињата, баровите и рестораните за време на пандемијата, барајќи од граѓаните да го преземат својот дел од одговорноста, па Швеѓаните самите се повлекоа во изолација.

„Борбата против ковид-19 е маратон. Мерките што ги презедовме беа избрани затоа што цврсто веруваме дека тие се одржливи подолго време“, рече премиерот Стефан Лофвен на прес-конференција.

Забраната за посета на домови за стари лица, во кои починале повеќе од половина од вкупниот број на починати, сигурно ќе остане во сила идните месеци, а исто така се препорачува да се продолжи со работа од дома.

Во земјата во вторникот биле заразени околу 30.800 луѓе, а 3.743 луѓе починале од „ковид-19“ до тој ден, повеќе отколку во Норвешка, Финска и Данска.

Шведска има 371 смрт на коронавирус на милион жители, додека Данска има 95, Финска 54 и Норвешка 43.

Сега, кога повеќето Европејци постепено се враќаат на работа и ги продолжуваат своите редовни активности, Шведска, плашејќи се од втор бран, се одлучи за потрајна стратегија затоа што верува дека вирусот нема да исчезне наскоро и треба да циркулира полека во општеството за да не го оптоварува здравствениот систем, иако постарите луѓе платија висока цена за тоа.

Според анкетите, шведската јавност најмногу ги поддржува мерките на главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој тврди дека шведската стратегија е добра и дека податоците покажуваат дека луѓето сè повеќе ги следат дадените совети и препораки. /Макфакс/.

Next Post

Од почетокот на епидемијата од Ковид-19 во земјава направени 1.771 операции

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk