Во Европска Унија денес стапи во сила забраната на цигари со ментол, во понатамошен обид да ги обесхрабри младите луѓе да почнат да пушат.
Забраната на ароматизирани цигари и производи од тутун стапи во сила во 2016 година, но производите со пазарен удел од повеќе од 3 проценти – како цигари со вкус на ментол – до денес беа изземени.
Регулативата е дел од Директивата на ЕУ за тутун, која беше донесена во 2014 година по напорни преговори, притисоци во индустријата и правни предизвици.
Директивата исто така бараше цигарите и производите од тутун да содржат уште појасни здравствени предупредувања и да покриваат 65 проценти од предната и задната страна од кутијата.
Правилата треба да ја намалат стапката на пушење кај младите. Европската комисија соопшти дека пушењето е најголемата причина за предвремена смрт во ЕУ.
Во ЕУ, според Комисијата, 26 отсто од вкупното население и 29 отсто од младите Европејци пушат на возраст меѓу 15 и 24 години.