ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Секој министер би сакал да предложи награда за своите луѓе, но мора да бидеме разумни и реални

May 21, 2020 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој министер би сакал да може и да предложи награда за своите луѓе. Но, предлогот не кореспондира со барањето што било доставено при кроењето на ребалансот. Два дена во најмала рака по скроен ребаланс, мораме да бидеме сите разумни и реални, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање околу платите од 15 илјади денари плус за вработените во МВР, кои ги најави министерот Наќе Чулев.

Оваа криза, рече Ангеловска, го извади најдоброто од голем број професионалци што работат во јавниот сектор и тука секако и оние кои ни го чуваа редот, мирот и безбедноста, тука се полицајците, тука е Армијата, пожарникарите, инспекторатите, комуналните работници

– Сите тие заслужуваат да бидат препознаени и да бидат наградени, бидејќи работеа навистина во полн капацитет, двојно и над потенцијалот во справување со оваа криза. Исто така, има и во јавниот сектор коишто работеа други функционални области и сектори. Јас верувам дека ако го прашате секој министер ќе ви посочи кои се луѓето кои деноноќно се вистински професионалци и кои што буквално по 16-17 часа и саботи и недели работеле од своите области да се справат најдобро. Секој министер би сакал да може и да предложи награда за своите луѓе, изјави Ангеловска.

Според неа, и во Министерството за финансии и во Кризниот штаб, и во трезорот, во јавниот долг има луѓе кои се грижеа да најдат средства, да скројат ребаланс, да најдат начини за финансирање на мерките за да се поддржат граѓаните и стопанството и кои работеа и саботи и недели.

– И сите луѓе кои за оваа криза се залагаат и работат деноноќно треба да бидат наградени, бидејќи овие луѓе ја немаа онаа привилегија да работат од дома, да не бидат изложени на ризик за разлика од овие кои разговараме и полицијата, и Армијата и сите. Сметам дека ние сите како членови на  Владата носиме уште поголема одговорност во оваа криза и треба да бидеме уште поразумни, реални и рационални во целиот тој процес, изјави Ангеловска.

Ребалансот, посочи таа, беше скроен пред два дена и министерот за внатрешни работи бил навистина кооперативен при изработувањето.

– Тој достави предлог за кратење од 88 милиони денари во МВР.  Тој предлог беше ефектуиран. Овојпат при овој ребаланс, поставивме стандарди и концепт да ништо на своја рака Министерството за финансии не кратеше. Сите кратење, сите ефектуирани распределби и промени се на барање на буџетските корисници. Предлогот не кореспондира со барањето што било доставено при кроењето на ребалансот. Два дена во најмала рака по скроен ребаланс, мораме да бидеме сите разумни и реални, изјави Ангеловска.

Изрази надеж дека сите членови на Владата ги знаат реалните можности и дека сите до еден ќе се залагаат да ги препознаат и да ги награди сите кои заслужиле, кога ќе се створат условите и кога  ќе имаме целосна контрола над вирусот и корона кризата сите ја добијат наградата.

Next Post

Рама: Албанија целосно се отвора до крајот на мај, почнуваме со подготовки за туристичката сезона

EVN

НАЈНОВО

Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

April 7, 2026
Залез на земјата (Артемис II, НАСА)

НАСА објави спектакуларни фотографии од Артемис II од другата страна на Месечината

April 7, 2026

Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

April 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Колку чинат американските авиони уништени во Иран: Милионска сметка за една спасувачка мисија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кои се елитните командоси кои го спасија американскиот пилот од соборениот F-15 во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Артемис II поставува нов рекорд во вселената

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите (EES)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk