Наскоро го отвораме Корзото! Завршена е втората фаза. Изведбата на овој потег зафаќа површина од 1.200 м2 од кои се изведени до сега 800 м2, и 305 се во пристапна улица со 45 паркинг места-2 се за лица со инвалидитет. Пешачката улица е со димензии 180 метри-вкупната површина е 252 м2, напиша градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на својот фејсбук профил и објави видео од изгледот на корзо шеталиштето.
Изработени се 2 павиљони, амфитеатар, плочник оплеменет со ниско зелнило, стилски клупи и корпи. Предвидено е отворање и на кафулиња.
Насадени се 77 нови садници, а ги подобривме и условите и за постоечките кои се полеваат капка по капка.
Следува поставување канделабри, изработка на фасадата на павиљоните и дополнително оплеменување на просторот со зеленило.