Извлечен автомобилот од водите на Вардар. Станува збор за автомобил марка „фолксваген поло”. Во извлеченото возило немало никој, но и натаму непознато е како паднало во реката и дали внатре имало луѓе.
Според очевидци , возилото најверојатно било празно и паркирано на кејот кај пешачкиот мост во близина на болницата Аџибадем Систина, пред да се преврти во реката.
Настанот е пријавен во полиција во 8 часот утрината од страна на случаен минувач.
Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР со сајли го извлекоа возилото од водите на Вардар.