пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција самиот си призна дека вртел телефони во МВР за случајот „Теретана“. Мицкоски потврди дека праќал пораки и се јавувал на телефон во внатрешната контрола за неговиот случај.
„Здраво, би сакал да се слушнеме“ била СМС пораката која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му ја испратил на службеникот во МВР каде сега министер е Наќе Чулев. Мицкоски рече дека контактот му го обезбедил лично министерот Наќе Чулев.
Ова признание самиот Мицкоски го кажа на денешниот прес, не е ова некоја комуњарска измислица од Бихачка, како што милуваат вмронските главаши често да забележат. И сега, да не знае човек што е пострашно:
– Дали тоа што лидерот на најголемата опозициона партија врти телефони кај надлежното лице во МВР за случајот „Теретана“, во кој, нели, тој е главниот замешан во тој случај, или пострашно е тоа дека Мицкоски не гледа ништо лошо во тоа дека тој како лидер на најголемата опозициска партија која претендира да освои власт, а тој лично мерка премиерско, место му се јавил на службеник во МВР да разговара за случај во кој тој е главен актер.
Има различни толкувања за тоа дали ова е притисок или нормална процедура, но тоа сепак зависи од тоа дали гледаш од нормалната или од ВМРО-МВРОвската гледна точка. За МВРО – од Гоца на Грујо креацијата, ова не е ни нормална, ами секојдневна рутина кога моќници се јавуваат и вршат притисоци за начинот и исходот од водење на постапката. Нормално е и за Мицкоски зашто и тој е излезен од истата креативна работилница на Грујо, а и тогаш Мицкоски бешe во првите партиски редови каде се креираше таквиот начин на практикување на власт и многу нормално е сето ова него да не му е ни малку чудно.
Тоа е таа матрица, тоа е тој начин на размислување, од кој што и по безмалку 4 години во опозиција никако не можат да се ослободат. Добро, не дека и нешто посебно се трудат да се ослободат, но сепак.