ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сугарески-Китанов: Три ленти по целата должина на патот Фариш-Прилеп за околу една година

May 22, 2020 16:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи за рехабилитација на регионалниот пат Раец-Фариш. Инвестицијата е со вредност од 1,5 милиони евра.

Министерот Сугарески истакна дека градежните работи се одвиваат со засилено темпо и се очекува реконструкцијата на патот и мостовите на патниот правец Фариш-Дреново да биде завршена во текот на следниот месец.

– Оваа делница е од големо значење за Прилеп, Битола, Ресен и за целиот централен дел на земјата, па затоа даваме посебно значење на неговата рехабилитација со цел да ја зголемиме безбедноста на патот и го олесниме сообраќајот. Она што сакам да нагласам е дека оваа есен продолжуваме со рехабилитација на делот од Фаришка клисура комплетно до Прилеп со изградба на трета лента онаму каде што недостига, со што целата патна врска од Градско до Прилеп наскоро ќе биде рехабилитирана. Предвидени се уште многу други проекти во делот на патната инфраструктура, со силно темпо работиме на изградба на магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола, а исто така градиме и реконструираме водови и канализации низ повеќе населени места во регионот. Генерално, капиталните инвестиции ги подигнавме на повисоко ниво од претходната година, градежната сезона е пред нас и уверуваме дека во следниот период ќе се работи со уште позасилено темпо, изјави Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека за околу една година целосно ќе биде обновен и реконструиран патниот правец од Фариш кон Прилеп.

– Секаде каде што се две ленти, ќе има изградба на трета лента. Тендерот за реконструкција на патниот правец Фариш-Прилеп е завршен и наскоро ќе отпоче да се работи. За рок од една година целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патот од тука до Прилеп и по целата должина ќе биде со три ленти. Во тек е изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, за десетина дена го објавуваме новиот тендер за доизградба на експресниот пат од Фариш до Дреново и веднаш потоа ќе започнат градежните работи, рече Китанов.

Истакна дека ќе се започне со монтажа на звучните бариери на обиколницата Битола, а наскоро ќе започне и комплетна реконструкција на патниот правец Битола – Меџитлија.

– Исто така, кога сме кај пелагонискиот регион сакам да нагласам дека ќе бидат рехабилитирани седум регионални патишта со вкупна должина од околу 145 километри и вредност од 25 милиони евра меѓу кои Крушево-Демир Хисар, Битола-Демир-Хисар, Демир Хисар-Другово и Кривогаштани-Крушево. Во тек е изработка на проектот за изградба на автопат Прилеп-Битола, а во август очекувам да биде завршен проектот за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, изјави Китанов.

Next Post

Грција втора во светот по „Сини знамиња“ за плажи, марини и туристички јахти

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk