ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Над 5 милиони заразени ширум светот, нешто над 2 милиони оздравени.

May 23, 2020 19:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.360.982 лица. Од нив починале 341.830, а оздравеле 2.187.422 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Србија почина едно лице од новиот коронавирус, а потврдени се нови 68 заразени случаи.

–  Во последното деноноќие, во Албанија, од направени 200 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај осум лица, што е за четири случаи помалку во споредба со вчера. Вкупниот број заразени изнесува 989, од нив 79 отсто или 783 се излекувани, а починале 31 лице. Повеќе од три недели не е регистрирано починато лице од Ковид-19, што според епидемиолозите претставува индикатор за стабилната епидемиолшка состојба со вирусот.

– Во изминатите 24 часа во Хрватска не е регистриран ниту еден нов случај на зараза со коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Вкупно во земјата починаа 99 лица, шест луѓе моментно се на респираторни машини, додека 121 се на болничко лекување.

– Во Шведска во последните 24 часа од коронавирус починаа уште 67 луѓе, што е најголем дневен број на смртни случаи од 18 април досега, а новозаразени се 379 лица. Вкупниот број на починати во таа земја, во која не беа воведени рестриктивни мерки, достигна 3.992, а регистрирани се 33.188 заразени луѓе.

– Шпанија повторно ќе ги отвори границите за странски туристи од јули, најави премиерот Педро Санчез, додавајќи дека Владата ќе ја гарантира безбедноста на посетителите и локалното население по блокадата на земјата поради Ковид-19.

– Кина планира да ги ограничи меѓународните летови до октомври како мерка за заштита од новиот коронавирус.

– Најмалку 40 лица биле позитивни на тестовите за коронавирус откако претходно присуствувале на миса во баптистичка црква во германскиот град Франкфурт.

– Седумдесет и седум годишна жена е прва жртва на новиот коронавирус во Појасот газа. Таа починала во монтажна болница во близина на границата откако допатувала од Египет. Властите во тоа подрачје досега потврдиле 55 случаи на заразени со Ковид-19.

– Во Црна Гора денеска не е пријавен ниту еден нов случај на коронавирус. Од почетокот на епидемијата во оваа земја вкупно се заразени 324 лица, а оздравени се 314.

– Унгарија е една од првите земји која го доби јапонскиот лек „Авиган“ за лекување на пациенти заразени со коронавирус, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Тој најави дека во земјата ќе се спроведат нови клинички испитувања на овој лек, чија активна состојка е фавипиравир, а кој е регистриран во Јапонија.

– Министерството за здравство на Грција соопшти дека во изминатото деноноќие починале две лица, а биле регистрирани само три нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, биле направени 152.998 тестови, заразени се вкупно 2.876, а починати 171 лице.

– Првпат од почетокот на епидемијата, на Кипар денеска не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19, од анализирани 2.414 примероци во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени, остана ист како вчера 927 лица./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk