„Заедно со кандидатите од ИЕ3 на коалицијата можеме денеска имавме координативен состанок со регионалниот изборен штаб во Штип. Разговаравме за справување со корона вирусот и мерките за заштита на граѓаните, за потребата од избори најбрзо и најдобро што може“, изјави Љупчо Николовски СДСМ, во Штип по средбата со кандидатите за пратеници во ИЕ3.
„Изборите се потребни заради целосна подготвеност на државата за вториот бран, заради заштита на здравјето, рестарт на новата македонска економија но и целосно функционални институции. Изборите не се проблем, изборите се решение. Тоа е нашата порака. Решение кое ќе им даде полн легитимитет на законодавната и извршната власт. Никој не знае колку ќе биде голем и какви последици ќе остави тој втор бран што го очекуваме, затоа сега е моментот кога ситуацијата ја држиме под контролa. На граѓаните и државата и се потребни функционални институции и функционално собрание. Здравјето и животот на граѓаните се најважни од сè, но важна е и економијата важни се и останатите сектори. Колку пократко трае оваа состојба толку побрзо ќе се вратиме во нормала“, додаде Николовски.