Името на донорот на срцето со кое се испиша нова историја во македонското здравство е Емилија Динева, која прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Откако било констатирано дека кај настраданата нема мозочна активност по здобиените повреди, сопругот на починатата и двете деца, се одлучиле на хуман чекор за донирање на срцето на нивната сопруга и мајка.
Освен што срцето на Динева му даде втора шанса за живот на 54 годишен пациент кој бил на листата за чекање, денес е извршена и трансплантација на бубрезите кај двајца пациенти за кои се очекува по заздравувањето да не мораат да подлегнуваат на дијализа.
Ова е прв пат во земјава да биде извршена трансплантација на срце од починат донор.
А. Н. Стојчевски