Игор Стефановски Иџе секој момент треба да тргне од населбата Лисиче во Скопје и со својот тркачки автомобил да помине низ Аеродром и Центар, сѐ до крајната дестинација, населбата Карпош.
На својот Фејсбук, Иџе најави дека возењето е во чест на, како што напиша и сам во најавата, медицинските лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка.
А. Н. С.