ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Брус, Мел и Шварци, одете во пензија, иде ѕвездата на МВРО!

May 25, 2020 20:31
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотографија од албумот на Наќе Чулев.

Фотографија од албумот на Наќе Чулев.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да се насмееме на сета корона мака…

Спортскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе возеше со својот тркачки автомобил низ Скопје. Како што најави, ќе вози „во чест на здравствените работници и полицијата“. Невообичаен настан, спортски, малку бучен, но ете, да се случува нешто за време на карантинот. Секако, и со убава порака и заслужено признание за, како што Иџе ги нарекува, хероите во борбата против коронавирусот. Пријатно изненадување и за љубителите на автомобилизмот, во денови кога спортот е ставен на пауза.

Но славата тргна во друг правец. Како што е познато, Наќе решително чекори во освојување на славата од првиот ден на своето техничко министерување и никако не пропушта ниедна прилика да се слика. Како оној пат, со словенечката хуманитарна помош на аеродромот во Скопје, со воениот злосторник за празникот Прочка и низа други прилики и неприлики.

Веројатно, возачот на тркачкиот автомобил уште не ја имаше завршено својата спортска рута низ Скопје, а тој веќе се појави со албум со сликички на својот Фејсбук профил и со текст во кој „скромно“ и покровителски ги пофали здравствените работници, полицијата, а ја спомна и Армијата. Нема што, имал информација од прва рака каде да го „сардиса“ спортистот и да направи фото сеанса со него.

Како што пишував и претходно, министерот Наќе Чулев не се појавува на седници на Владата и на Кризниот штаб, а кога се појавува, гласа против, а луѓето ги нарекува агресивни. Но, за сликање и продукција е прв. Дарба си е дарба.

Веројатно, сите овие денови се нервирал со манифестациите „Култура во време на корона“, каде што ниеднаш не се сликаше, па реши да се обиде да чепне барем малку слава од овој спортски настан и да ги задоволи своите проудцентско-актерски амбиции. Холивуд, спреми се! Брус, Мел и Шварци, и така сте во одминати години, одете во пензија, иде ѕвездата на МВРО, Наќе! (Ова извичников, на вистинско место дојде…)

Ова е период кога бележиме зголемување на бројот на заразени, кога се вртат бајрамски ора, првомајски скари и велигденски литии, а во соседството и во Европа се бројат денови нема ниеден заразен.

Полицијата, пак, по налог на Наќе, за тоа време снима спотови, како оној на паркингот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ (по повод Денот на полицијата), со одвлекување на преку сто полицајци и отприлика исто толку возила и со очигледен ризик по нивното здравје. Инаку, спотот на Наќе беше „инспириран“ (плагијат) од спотот посветен на турската итна медицинска помош.

Сепак, ниту спотот-плагијат од 300 евра, колку што пријави дека чинел, ниту албумот со Иџе, не можат му конкурираат на „отсјајот“ со скандалот „Теретана“. Можеби неговиот партиски шеф(!) сака да се билда по теретани за време на вонредна состојба, но „шајнинг“ Наќе знае како се билда Пи-Ар (имиџ).

 


Во рубриката ESPRESSO се објавуваат кратки коментари и лични ставови. Нивната намена е да бидат критички, остри и провокативни, во надеж дека протагонистите знаат тоа да го поднесат. Однапред се извинуваме за повредените чувства и душевната болка, ако сме ги предизвикале. 

Next Post

21: Во завршна фаза патот Фариш-Дреново, „Европа на крстопат“, Брус, Мел и Шварци, одете во пензија, иде Наќе!

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk