Починал нашиот верник од последици од коронавирус и кога се сретнал со Господ револтирано прашал, како Господе јас да умрам од корона а толку добро тебе ти служев, на литии одев, на причести одев,на ифтари одев, џамија и црква одев, зошто не ме спаси?
Се замислил Господ, не му било јасно зошто овој хомосапиенс не го достигнал умствениот развој како останатите, што е проблемот со ова створење, а Господ не греши.
Од каде ни доаѓаш ти синко мој, прашал Господ?
Од Македонија.
Од која Македонија?
Од Северна Македонија одговорил нашиот верник.
Аха, епа види вака синко. Прво заповедав да се ангажираат стручни лица кои донесоа мерки и препораки за како да се заштитиш. Заповедав формирање на експертска група од најдобрите епидемиолози,инфектолози и други доктори и ви го дадов Филипче да држи по 175 конференции на ден за да ти разбереш што треба да правиш, а што да не правиш.
Од кога видов дека не ги почитуваш, наредив самоизолација и домашни карантини. Повторно не почитувавте па заповедав воведување на полициски часови за да ве заштитам од ова зло, ни тоа не го почитувавте. Римокатоличкиот Папа ја почитуваше мојата заповед и ги затвори црквите за време Велигден, истото го направи и рускиот Патријарх, еден од најголемите исламисти на денешницата Ердоган ја послуша мојата заповед и ги затвори џамиите во цела Турција за време на Рамазан и Бајрам, ме послушаа и во Саудиска Арабија, колевката на Исламот, затворија џамиите во светите места Мека и Медина, само ти синко мој ги послуша Суљо и Стефан, ја следеше нивната волја а не мојата заповед и одеше по литии, причести, ифтари за време на ова зло кое ни го донесе шејтанот. Што повеќе требаше да сторам, колку ишарети требаше да ти пратам?
Но, сега гледам што е грешката со тебе синко, сум ти дал памет ама гледам дека не знаеш да го користиш, ај на идните генерации родени во таа ваша посебна земја ќе им дадам и упатство за користење.
Фејсбук пост на Ерол Шакири