По завршувањето на полицискиот час, јавниот превоз ќе продолжи да функционира од вторник (26.05) од 5 часот, а автобусите ќе сообраќаат до 19 часот, по саботен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје.
Вообичаено продолжуваат да работат сите билетарници и центри за персонализација со изменето работно време.
Од претпријатието потсетуваат дека и натаму не важат бесплатните средношколски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 и мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела.