Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска учествуваше на два настани по повод празникот Ден на сеќавањето – ги посети Воените гробишта во Арлингтон, Вирџинија и историската тврдина во Балтимор, Мериленд.
Поради пандемијата, програмата на посетата на воените гробишта беше скратена и претседателот само положи венец со свежи цвеќиња на могилата на незнајниот војник.
Во церемонијата учество земаа првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, министерот за одбрана Марк Еспер, претседателот на Заедничкиот комитет на началниците на штабовите, генералот Марк Мили и други високопоставени официјални лица.
Поранешниот заменик претседател на САД, Џо Бајден прв пат се појави во јавност откако беше 10 недели во самоизолација заради коронавирусот. Бајден со сопругата Џил положија венец пред меморијалниот споменик на ветераните.
А. Н. С.