ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед за состојбата со Ковид-19 во светот

Над 5 ипол милиони евидентирани случаи на Ковид-19 низ светот.

May 25, 2020 19:02
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.545,463 лица. Од нив починале 347.617, а оздравеле 2.327.245.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрани се шест новозаразени со Ковид-19, со што вкупниот број надмина илјада заболени. Од почетокот на пандемијата, извршени се 14.659 тестирања, при што позитивни се 1.004 лица. Битката со болеста ја добиле 795 или околу 79 од вкупно заболените а починале 32 лица. Активни случаи се 177, од кои 16 се третираат болнички, а четворица се на интензивна терапија.

– Во Австрија, бројот на активни случаи се намали за околу 50 на 679. Според Министерството за здравство, во последните 24 часа, бројот на активни пациенти е намален за 47. Во исто време, бројот на смртни случаи се зголеми за нова жртва и сега изнесува 641.

– Иран ги отвори големите шиитски светилишта, вклучувајќи го и Имам Реза во Машхада и Хазрат Масумех во Кома, два месеци откако тие беа затворени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
На верниците и аџиите ќе им биде дозволен пристап до дворовите, но не и на тремови и други покриени области. Тие ќе треба да ги следат упатствата за хигиена и физичко дистанцирање, пренесува Би Би Си.

– Општата болница во Вестон, во југозападниот дел на Англија престана да прима пациенти, дури и на одделот за итни случаи, поради големиот број заболени од коронавирус, објави денеска болницата.Од таму посочуваат дека суспендирањето на приемот е превентивна мерка за безбедноста на пациентите и вработените.

– Во последните 24 часа, две лица починаа во Србија како резултат на коронавирусот, со што бројот на жртви од почетокот на епидемијата е 239. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 2.488 лица се тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 34 од нив. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се вкупно 11.193 лица. Излекувани се 5.920 пациенти.
– Институтот за јавно здравје на Црна Гора објави дека и денеска не се регистрирани нови случаи на коронавирус во таа земја. Бројот на активни случаи е нула,, велат од Институтот. Вчера се опорави последниот пациент заболен од Ковид-19, па Црна Гора стана „корона фри“ држава, пренесува РТЦГ.
– Во Холандија е откриен уште еден случај на пренесување на коронавирус од куна на човек, соопшти Министерството за земјоделство на таа земја. Во писмото до парламентот, министерката Карола Шутен повтори дека Националниот институт за здравство смета дека ризикот од пренесување на болеста од животни на луѓе надвор од фармите каде што се чуваат е „занемарлив“.  На 20 мај, таа го извести парламентот дека работник на фарма во Холандија каде се одгледуваат куни за извоз на крзно се заразил со коронавирусот преку животните за кои се грижи.

– Министерството за здравство на Грција попладнево соопшти за еден смртен и четири нови позитивни случаи на Ковид-19. Вкупниот број на заразени се зголеми на 2.882 лица, а на починати на 172 лица. Од почетокот на епидемијата биле направени 155.037 тестови, 1.074 повеќе од вчера.

– Од направени 2.128 анализи, во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани само два нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 937 лица./МИА/

Next Post

Полска: Се истражува лек за Ковид-19 заснован на имуноглобин

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk