Благодарение на глобалната кампања за финансирање на истражувања поврзани со вакцината и терапијата за третман на Ковид-19, собрани се 9,5 милијарди евра, објави претседателката на Европската комисија, пренесе МИА.
Резултатите од таа кампања, започната од Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн ги оцени како одлични.
Со кампањата од 4 мај, првиот ден кога беше промовирана, собрани се осум милијарди долари од светски лидери и други институции, при што САД не учествуваа.