Според исходот од заболувањето, 447 лица се активни случаи, 1.439 случаи се водат како оздравени. 238 се здравствени работници и 9 се бремени жени, кои или биле испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување, стои во статистиката на Институтот за јавно здравје.
Од случаите кои се водат како оздравени, 295 биле хоспитализирани додека останатите 1.144 биле на домашно лекување.
А. Н. Стојчевски