ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Спасовски: Ја обновивме и модернизиравме инфраструктурната електроенергетска мрежа

Спасовски потенцираше дека со обновувањето и модернизирањето на инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа се создава подобра бизнис клима и се зголемува економскиот потенцијал како значајна основа за актуелните и сите потенцијални инвеститори во регионот.

May 26, 2020 14:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, присуствуваa на завршните активности на 110 киловолтниот далновод Штип – Пробиштип по што следува пробното пуштање во работа на делницата што ја поврзува трансформаторската станица Штип со трафостаницата на индустриската зона „Неокази“ во непосредна близина на Пробиштип.

Во изјавата за медиумите по овој повод, премиерот Спасовски истакна дека со овој голем инфраструктурен проект на МЕПСО, се подобрува снабдувањето со електрична струја за неколку градови во источниот дел на земјата, а се овозможува и директно и квалитетно снабдување со овој енергенс и до индустриската зона „Неокази“ близу Пробиштип.

Воедно Спасовски потенцираше дека со обновувањето и модернизирањето на инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа се создава подобра бизнис клима и се зголемува економскиот потенцијал како значајна основа за актуелните и сите потенцијални инвеститори во регионот.

„Оваа модернизација значи во крајна линија создавање услови на долг рок за подобрување на целокупното општествено живеење. Затоа што редовно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија е основен предуслов за сите сегашни и идни инвеститори да вложат во земјата, да отворат нови работни места, да го зголемиме бруто домашниот производ, и да создадеме поквалитетна сегашност и просперитетна иднина“, подвлече претседателот на Владата Спасовски.

За оваа Влада е приоритет модернизирањето и зголемувањето на преносните капацитети на електропреносниот систем бидејќи тој е крвотокот на електроенергетскиот систем.

Од значењето на електроенергетскиот систем произлегува и уникатното стратешко значење на МЕПСО како државна компанија која управува со електропреносниот систем и која во реално време, 24 часа секојдневно, ја контролира стабилноста и размената на електрична енергија со електропреносните системи на сите соседни држави, истакна премиерот.

Тој посочи дека од тие причини, АД МЕПСО ја има целосната поддршка на Владата за континуираното вложување во преносната мрежа и за надградување на системот.

Тековните инвестиции во преносната мрежа вклучително изградба на нови и модернизации на трафостаници и далноводи изнесуваат 50 милиони евра, и Владата е секогаш подготвена да ги поддржи добрите проекти и со тоа да ја зголеми економската благосостојба на населението во овој регион и во целата земја, што е наша крајна цел, истакна Спасовски.

Министерот за транспорт и врски, Сугарески потенцираше дека инвестициите во електроенергетиката и модернизацијата на преносната мрежа е од огромно значење како за унапредување на стопанството и раст на економијата, така и за секое домаќинство во државата.

Денес сведочиме на успешна реализација на многу значаен проект кој претставува само дел од тековниот инвестициски циклус и вклучува изградба на нови капацитети и модернизација на постоечки трафостаници, рече Сугарески.

Тој воедно наведе дека во моментов се одвиваат обемни активности за модернизација и ревитализација на 6 трансформаторски станици.

Исто така во фаза на подготовка е изградба на 4 нови далекуводи на постоечките траси, со што, ако го земеме предвид и овој објект каде присуствуваме денес, станува збор за изградба на 150 километри нова далекуводна мрежа, нагласи министерот Сугарески.

Тој посочи дека она што е особено важно е дека овој инвестициски фронт ќе биде одбележан со проектот за изградба на нов 400 киловолтен далекувод од ТС „Битола“ – ТС „Елбасан“ и проектот за изградба на нова трансформаторска станица кај Охрид.

Покрај инвестициите во електроенергетиката, со силно темпо работиме на реализација на крупни капитални инвестиции и во делот на патната, комуналната и железничката инфраструктура, интензивно тече изградбата на магистралниот гасовод. Станува збор за најголемите инвестиции во инфраструктурата досега, со вредност од преку 1 милијарда евра, потенцираше министерот Сугарески, и додаде дека сето тоа значи раст на градежништвото, нови работни места, подобри услови за работа на компаниите, стимулирање на економијата и поквалитетен живот на граѓаните.

Генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, истакна дека со овој далновод се овозможува стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија на новата индустриска зона до Пробиштип и со тоа се остваруваат заложбите на Владата да се подобрат условите во кои работи бизнис секторот и да се создаде подобра економска перспектива за Пробиштип и околните градови.

„Станува збор за реконструкција на 110 kV далновод што беше во функција 48 години, изграден 1972 година и беше поставен на армирано – бетонски столбови. На постоечката траса старите бетонски ги заменивме со нови челично-решеткасти столбови. На нив се поставени нови проводници, овесна и спојна опрема и ново заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна“, нагласи директорката Шуклева.

Таа информираше дека реконструкцијата се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а инвестицијата за изградба на далноводот вреди 2,45 милиони евра.

Директорката Шуклева наведе дека вкупната должина на далноводот е 25,2 км и планирано е работите во целост да завршат ова лето во август.

Овој далновод е дел од најголемиот инвестициски циклус во историјата на МЕПСО кој опфаќа: реконструкција на 6 далноводи кои работат на 110 kV ниво, модернизација на 6 трансформаторски станици и изградба на прв далекувод што ќе не поврзе со електропреносниот систем на соседна Албанија и изградба на нова трансформаторска станица кај Охрид.

Next Post

Локвенец: Собраниските комисии за надзор на безбедносните служби и МВР се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, никој не ги следи

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk