Често прашувавме кога ќе се намалат мерките и секогаш одговорот беше во зависност од однесувањето на сите нас. Ќе ги моделираме мерките кои ги носиме. Денеска можеме да заклучиме дека се исполнети условите да ги намалиме, а не ги воведовме ние како Влада, а ниту Комисијата за заразни болести ни ги предложи заради тоа што тие така сакале или ние така сме сакале. Сега граѓаните знаат што ги очекува кога имаме зголемен број на заболени, рече премиерот Оливер Спасовски.
„Тоа ќе значи нови рестриктивни мерки, повторно сериозни проблеми кои ги имавме досега и затоа апелираме до сите да ги почитуваат мерките кои се уште се на сила, а тоа е носењето на заштитна опрема, одржувањето на социјална дистанца и однесување по протоколите на Комисијата.
Доколку ова се случува ние ќе немаме опасност за зголемување на бројот на заболени и ширењето на вирусот, одговори премиерот Спасовски на новинарско прашање што доколку повторно се зголеми бројот на заболени со Ковид-19.