ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

21: Од утре нема полициски час, избори да се одржат за 22 дена, нови рестриктивни мерки ако расте бројот на заболени

Блок вести во 21 часот.

May 26, 2020 20:58
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Спасовски: Од утре нема забрана за движење, со посебен протокол враќање на работа од 1 јуни, освен родители на деца до 10 години и хронично болни.

  • 27 престанува забрана за движење (полициски час),
  • 28 почнуваат со работа угостителски објекти кои имаат летни тераси, со посебен протокол, оние кои немаат тераси ќе бидат опфатени во следната фаза.
  • 0д 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории на граѓани беа ослободени на работа по различни ознови се враќаат на работа, редовно и тековно да ги извршуваат работните обврски. И ова одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа. Ова не важи за хронични болелни и за родители на деца до 10 години.

Државниот карантин се заменува со домашна изолација, ќе се утврдува протокол за државните граници.

Владата попладнево на седница усвои и прецизен протокол за постапување при влез на сите македонски државјани во земјава, согласно кој задолжителен државен карантин за наши државјани кои од странство се враќаат со хуманитарни летови или конвои се заменува со домашна изолација доколку при влегување на територијата на нашата држава приложат негативен ПСР-тест на КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава.

Спасовски: Изборите да се одржат за 22 дена, во првиот можен рок.

„Датумот на изборите е детерминиран со уредбата законска сила која има важност до завршување на вонредната состојба. Во моментот кога ќе заврши, за 22 дена, ќе треба да се одржат избори. Тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мора да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во моментот кога ќе има најмногу створени услови. Една од нашите одговорности е да направиме се колку што е можно побрзо да се обезбеди новата нормалност“, рече Спасовски.

Филипче: Сите сме одговорни за нашето здравје!

„Денеска се точно три месеци од кога се дијагностицираше првиот случај на КОВИД-19 во земјата. После три месеци ние сме на една раскрсница. За жал, многу граѓани беа жртва на оние граѓани кои не ги почитуваа мерките. Ние кажавме дека првата битка е добиена, но борбата се уште трае и ќе трае. Ќе мора да се научиме да живееме со вирусот. Голем дел од граѓаните се придржуваат до мерките, но голем дел не ни веруваат дека постои вирусот“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, на прес конференцијата по владината седница на која се донесе одлука за олабавување на мерките.

Османи: Олабавувањето на рестриктивните мерки не се ад хок решенија, туку стратегија. Денешните одлуки за олабавување на рестриктивните мерки не се ад хок решенија, туку се дел од подолгорочна стратегија на Владата како да се овозможи безбедност на граѓаните во услови на слободно движење, истакна вицепремиерот Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови за справување со вирусот КОВИД-19.

Караџовски: Бројот на смртни случаи е драстично намален во последните 14 дена.

Во наредниот период ќе ги тестираме здравствените работници, таксистите, полицијата. Ќе направиме 10.000 тестирања. Процентот на позитивните случаи е 5,7 од вкупниот број на тестирани, во последните 14 дена. Ние рековме дека кога ќе достигнеме околу 5 посто позитивни од тестирани, ќе почнеме со олабавување на мерките“, рече Караџовски.

Преглед од светот: Над 5,6 милиони луѓе заразени со Ковид-19.

Next Post

Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат со саботен возен ред, без временско ограничување

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk