ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Олабавувањето на рестриктивните мерки не се ад хок решенија, туку стратегија

Тој како успех го потенцираше справувањето со вирусот во Дебар каде од најголема криза и рестриктивни мерки веќе нема позитивни случаи, како и во Куманово кога, потенцираше, со навременото тестирање и детектирање беше овозможено нормализирање на кривата.

May 26, 2020 20:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денешните одлуки за олабавување на рестриктивните мерки не се ад хок решенија, туку се дел од подолгорочна стратегија на Владата како да се овозможи безбедност на граѓаните во услови на слободно движење, истакна вицепремиерот Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови за справување со вирусот КОВИД-19.

На прес-конференцијата на која Владата објави прекин на полицискиот час и повторно работење на угостителските објекти Османи се заблагодари за високото ниво на дисциплина, свест и саможртва што ја покажале  граѓаните во сите овие недели на наметнати рестриктивни мерки. Со тоа, истакна, помогнавте да се зачува вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, но и станавте десна рака на здравствените работници со што значително им ја олеснивте нивната работа.

-Во целиот овој период имаше и одредени пропусти и прекршувања и критики кон нас во имплементацијата на рестриктивните мерки, но морам да кажам дека оваа закана  е невидена и претходно ниту еден граѓанин и држава не можеле да се подготват  за вакви рестриктивни мерки. Не беше лесно ниту за Владата, ниту за граѓаните кои мораа да ги сменат своите навики, да ги  напуштат работните места, да се грижат за образованието на своите деца и да ги ограничат своите движења. Но, и покрај сето тоа и евентуалните мали пропусти успеавме од моментот на влез на овој вирус во нашата држава преку неговото ширење да воспоставиме контрола и предвидливост  и во ниту еден момент не излезе од контрола и од патеките на ширење кои беа предвдиени во нашата стратегија, рече Османи.

Тој како успех го потенцираше справувањето со вирусот во Дебар каде од најголема криза и рестриктивни мерки веќе нема позитивни случаи, како и во Куманово кога, потенцираше, со навременото тестирање и детектирање беше овозможено нормализирање на кривата.

–  Убедени сме дека тој тренд кој го менаџиравме на локално ниво заедно со локалните штабови сега се случува и на национално  ниво, така што дури и денешните евентуални џебови и зголемување на бројките се во рамки на контролираното и предвидливо сценарио за ширењето на пандемијата. Но, должност на Владата е да овозможи безбедност на граѓаните, слободно движење и враќање во новата нормалност што ја заговараме, порача Османи.

Next Post

Караџовски: Бројот на смртни случаи е драстично намален во последните 14 дена

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk