Од денеска почнуваат со работа летните бавчи на угостителските објекти според посебни протоколи.
Вонредната состојба завршува в сабота, датумот за избори уште неизвесен. Одлуката е на претседателот на државата дали ќе ја продолжи, но во контекст на изборите од Владата истакнуваат дека според уставот и законите, во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат сите изборни дејствија кои беа прекинати поради пандемијата на коронавирусот.
Маските задолжителни, полицијата ќе ја засили контролата.
Според евиденцијата на полицијата, досега 1973 граѓани се санкционирани за непочитувење на обврската за задолжително носење лична заштитна опрема. Само вчера биле регистрирани 284 такви прекршоци.
Зголемено семејното насилство, помалку сообраќајки за време на полицискиот час.