ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед за состојбата со Ковид-19 во светот

Италија сѐ уште се бори со заразата со досега регистрирани над 320.000 позитивни на вирусот и 33.114 смртни случаи.

May 28, 2020 19:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.846.624 лица. Од нив починале 359.532, а оздравеле 2.537.267.

-Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер објави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 надминал 100 илјади и дека станува збор за „многу тажен биланс на епидемијата“. Бројот на жртви на зарзата во САД е најголем во светот, а 1,69 милиони заразени во САД сочинуваат 30 отсто од сите потврдени случаи во светот.

– Според најновите податоци, 377 лица починале од коронавирусот во Велика Британија во изминатите 24 часа, што е вкупно 37.837 лица, се вели во извештајот на Министерството за здравство и социјална заштита.

– Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа е 70. За споредба, претходниот ден тие беа 117. Така, вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 33.114. Новоинфицираните за последниот ден се 593 во однос на 584 вчера. Вкупниот број на потврдени случаи во земјата од почетокот на епидемијата пред три месеци е 231.732. Италија е на шестото место во светот по бројот на потврдени случаи по САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил. Со денешниот број има 47.986 луѓе заразени со Ковид-19 во Италија. На интензивна нега има 489 лица. Оздравени се 150.604 луѓе. За вирусот се тестирани 2,330 милиони луѓе.

– Во последните 24 часа во Србија едно лице починало од последиците од коронавирусот. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 241. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 4.534 лица се тестирани за коронавирус, а 25 од нив се потврдени. 6.438 пациенти биле излекувани.

– Во Албанија, во изминатото деноноќие од направените 225 тестирања на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 26 лица, сите од Тирана. Од новодијагностицирани, 12 се здравстевни работници и пациенти од универзитеската болница. Вчера во оваа здравствена институција беа регистрирани 13 заразени кои имале контакт со медицинска сестра, кај која болеста е потврдена пред три дена, а била заразена вон клиниката. Вкупната бројка на заразени со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 1.076. Во последното деноноќие во списокот на оздравени се впишани уште 11 лица, или вкупно 823, додека починати се 33 лица. Активни на болеста се 220 лица, од кои 24 се на болничко лекување, од нив тројца на интензивна терапија.

-Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се два смртни случаи и три нови позитивни случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.906 лица, а починаа 175 лица. Досега во Грција се направени 170.467 тестови.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти два нови случај на Ковид-19, од направени 2.602 анализи, а бројот на заразени лица се зголеми на 941 од почетокот на епидемијата.

– Во Косово вчера беше потврден само еден нов случај на заразен, седуммина новоизлекувани од Ковид-19 и ниеден починат. Вклучително вчерашните статистики, во земјата досега се регистрирани 1.048 заразени, од кои излекувани се 801 лице, а вкупно се забележани 30 смртни случаи. Вкупно во земјата активни заболени од Ковид-19 се 217 лица. Во текот на вчерашниот ден, на кој се однесува последниот извештај на Институтот за јавно здравство на Косово, извршени се тестирања на 267 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а вкупно, од појавата на епидемијата, се тестирани 13.992 лица. Од денеска во Косово во сила се нови, олеснети, мерки, со кои, меѓу другото, се дозволува неограничено движење на граѓаните од 5 до 21 часот и се отвораат верските објекти, со задолжително почитување на мерките за заштита пропишани од здравствените власти./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп го скрати рокот од 50 на „10 или 12 дена“ за Путин да се согласи на договор за Украина

July 28, 2025

Сем Алтман: Разговорите со ChatGPT за лични проблеми не се правно заштитени

July 28, 2025

Си-Ен-Ен: Нетанјаху е заглавен во криза што самиот ја создаде во Газа

July 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврокомисијата утврди дека „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk